MacedonianTranslation

From Wesnoth

Македонски превод

Голем поздрав до сите оние кои сакаат да учествуваат во преводот на оваа добра игра на македонски јазик!. Водач на преведувачкиот тим (и засега единствен член) е Димитар Илчов (попознат како Mythological меѓу играчите и во форумот, а и во оваа вики и е со е-маил mythological ат t-home точка mk) а воедно е и еден од развивачите или можеби подобро речено работниците кои придонеле во создавањето на Битката за Веснот. Истиот треба да го контактирате доколку сакате да се приклучите на македонскиот преведувачки тим и со тоа да се здобиете со статус на преведувач на играта.

Координација

Треба да се внимава работата да биде координирана и залудно да не се дуплира напорот со тоа што два или повеќе члена на тимот ќе вршат една иста работа. Затоа, треба да се договараме и секој од членовите на тимот ќе може привремено да резервира еден од фајловите или негов дел за себе.

Механизам на преводот

Преведувањето се врши преку преку *.po фајлови кои можете да ги најдете во изворниот код на играта во подпапките/субфолдерите на trunk/po/ и во секој од нив постои фајл mk.po . Изворниот код на играта може да се најде на адресата: http://svn.gna.org/viewcvs/wesnoth/trunk/, или уште подобро на геттекст: http://www.wesnoth.org/gettext/index.lang.php?lang=mk&version=trunk . На тие mk.po фајлови може да се работи и измените да се достават до развивачкиот тим. Тие фајлови потоа се компилираат во соодветни *.mo фајлови кои се наоѓаат во папката \translations\mk\LC_MESSAGES\ во излезените верзии достапни за пошироката публика. Овие *.po фајлови може да се отворат и манипулираат со бесплатната алатка Poedit која има вклучено и поддршка за македонски јазик и која може да се симне од интернет на следната адреса: http://www.poedit.net/download.php . Постојат и други алатки за манипулација со текстуалните домени.

Македонски преведувачки каталози и напредок во нивното преведување

Забелешка: Кога објаснувањата во полињата „На што се однесува“ се дадени на англиски се мисли на камапањи во играта

Назив на каталоготНа што се однесуваПреведувачНапредок
wesnothОсновни поимиMythologicalМал
wesnoth-anlA New LandНемаНема
wesnoth-aoiAn Orcish IncursionНемаНема
wesnoth-didDescent Into DarknessНемаНема
wesnoth-dmDelfadors MemoirsНемаНема
wesnoth-dwDead WaterНемаНема
wesnoth-editorУредувач на мапиНемаНема
wesnoth-eiEastern InvasionНемаНема
wesnoth-helpПомош во игратаMythologicalМал
wesnoth-htttHeir To The ThroneНемаНема
wesnoth-lLibertyНемаНема
wesnoth-libБиблиотекаMythologicalМал
wesnoth-lowLegend of WesmereНемаНема
wesnoth-manpagesТекстуално упатствоНемаНема
wesnoth-manualВодич во игратаНемаНема
wesnoth-multiplayerМрежна играНемаНема
wesnoth-nrNorthern RebirthНемаНема
wesnoth-sofSceptre Οf FireНемаНема
wesnoth-sotbeSon Of The Black EyeНемаНема
wesnoth-testТестНемаНема
wesnoth-tbTwo BrothersНемаНема
wesnoth-thotThe Hammer Οf ThursaganНемаНема
wesnoth-trowThe Rise Of WesnothНемаНема
wesnoth-tsgThe South GuardНемаНема
wesnoth-tutorialУчител во игратаНемаНема
wesnoth-unitsЕдинициНемаНема
wesnoth-utbsUnder Τhe Burning SunsНемаНема

Дополнителна помош

Дополнителна помош и консултации околу преводот можете да најдете на ИРЦ каналите #wesnoth и #wesnoth-dev на freenode.net мрежата кои се посветени специјално на развојот на Битката за Веснот.

Исто така, можете да се користите и со веб станици како Бабел Фиш и Гугл Транслејт, но мора да бидете внимателни никогаш целосно да не се потпрете на нив затоа што овие алатки не се апсолутно точни. Сепак доволно се корисни за да можат да се користат како помагала при вашата ребота на преводот.

Стил на преведување

Битка за Веснот е игра со епска фантастична основа и затоа при преведувањето треба да се настојува да се употебуваат изрази и фрази кои на четивото би му дале епски и/или старомоден призвук. Генерално, кога за еден странски збор постојат два синоними како можни преводи, треба да му се даде предност на постариот.

Членови на тимот

Димитар Илчов (Dimitar Ilccov) / Mythological e-mail: mythological@t-home.mk

This page was last modified on 15 August 2011, at 16:01.